Раководството на Лацио ќе понуди нов договор на топ стрелецот на тимот, Чиро Имобиле, со скоро двојно зголемување на платата.

Платата на 30-годишниот напаѓач, кој добива по 2,5 милиони долари по сезона според неговиот тековен договор до јуни 2023 година, ќе се зголеми на 4,5 милиони.

Имобиле ја освои „Златната копачка“ за најуспешен напаѓач во европските шампионати во 2019/2020 година, а со постигнатите 36 гола тој го изедначи рекордот на Гонзало Игуаин во Калчото.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2020 21:03