Одбранбениот фудбалер на Манчестер сити, Кајл Вокер, му дал прелиминарна согласност на Милан за трансфер, објави новинарот Фабрицио Романо.

Закажани се повеќе состаноци во следните 24-48 часа за финализирање на зделката од страна на италијанскиот клуб и започнување на официјалните процедури.

Триесет и четиригодишниот дефанзивец игра за Манчестер сити од 2017 година. Неговиот договор со клубот е до летото 2026 година.

Вокер оваа сезона одигра 18 натпревари во сите натпреварувања, каде што нема постигнато гол.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2025 05:09