На Масимилијано Алегри му се нуди голем договор во Саудиска Арабија.

Според „Corriere dello Sport“, Ал Ахли на италијанскиот тренер му нуди 2-годишен договор вреден 50 милиони евра.

Последната работа на Алегри беше во Јувентус, кој го напушти во мај 2024 година.

По 15 натпревари Ал-Ахли е на 5. место во првенството на Саудиска Арабија. Во тимот на Ал-Ахли играат Роберто Фирмино, Ријад Марез и Франк Кеси.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2025 07:03