На летот на хландската авиокомпанија КЛМ од Амстердам кон Ибица се случи тепачка откако двајца патници одбиле да стават заштитни маски.

Патниците помогнале да бидат совладани двете лица, кои по слетувањето на Ибица се уапсени од страна на шпанската полиција.

– Двајца непристојни патници одбиле да носат маски и физички и вербално ги вознемирувале другите патници, изјави портпаролот на КЛМ.

Тој додаде дека не била загрозена безбедноста на летот.

Носењето маски е задолжително на летовите на КЛМ, како и на сите аеродроми во Холандија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2020 21:24