Македонскиот интернационалец, Филип Лазаров е позитивен на Ковид-19, јавуваат медиумите од Германија.
Според информациите, Филип се заразил за време на авионскиот лет од Скопје кон Германија. Лазаров не заминал на подготовки со екипата и направил тест, кој се покажал како позитивен.
Ракометарот на Ратинген во моментов се наоѓа во самоизолација и не покажува никакви симптоми.