Поранешните шампиони на УС Опен, Енди Мареј и Ким Клајстерс добија „вајлд карта“ за годинешното издание на турнирот, кое започнува на 31 август, соопштија организаторите.

Мареј, поранешен број 1, ја освои титулата во „ујорк во 2012 година. Шкотланѓанецот ги пропушти изданијата во 2017 и 2019 година поради повреда. Претходно оваа недела Мареј побара од организаторите уверување дека играчите нема да бидат ставени во карантин по нивното враќање од САД во Европа.

Триесет и седум-годишната Ким Клијстерс (Белгија) е трикратен шампион на УС Опен (2005, 2009, 2010). Таа се врати во тенисот претходно оваа година.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2020 00:56