Ј.С. (53) од скопското село Шишево синоќа бил тешко повреден откако врз него паднала металната капија од дворот на куќата. Тој излегол да ја затвори, но поради невремето, силниот ветер и обилните врнежи, капијата во еден момент се откачила и го повредила.
Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера во 22:00 часот во Полициското одделение – Сарај.
Повредите на Ј.С. му се констатирани во болницата „Аџибадем Систина“. Извршен е и увид на местото на настанот од страна на СВР Скопје.