Во изминатите три дена на подрачјето на СВР Велес, 85 лица биле казнети за неносење заштитни маски, најмногу од нив дури 63 биле од Велес, 13 во Кавадарци и девет во Неготино.
Во период 9 – ти и 10 – ти август за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита екипи на СВР Велес казниле 30 лица и тоа, 21 во Велес, седум во Кавадарци и две во Неготино.
Во периодот 8-ми и 9-ти август биле казнети 29 лица, од кои 27 се во Велес и две во Кавадарци. И во периодот 7-ми и 8-ми август биле казнети 26 лица и тоа 15 во Велес, четири во Кавадарци и седум во Неготино.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски апелира до граѓаните да носат заштитни маски со што ќе го заштитат сопственото и здравјето на останатите граѓани од ширење на Ковид-19.