Четириесет и седумгодишна жителка на Тетово вчера околу 21.30 часот во полиција пријавила дека во нивниот дом вооружени лица извршиле напад и кражба. Таа била дома заедно со нејзината ќерка.
– Во СВР Тетово било пријавено дека неколку непознати лица со физички напад врз 47-годишна тетовка и со закана со пиштол влегле во нејзиниот дом на ул. „Маршал Тито“, каде била заедно со нејзината ќерка. Одзеле пари, телефон и златен накит. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот, соопшти СВР Тетово.
По консултација со Јавен обвинител, увид во станот извршила екипа од СВР Тетово.