На подрачјето на ОВР Кичево во изминатото деноноќие полициските службеници констатирале 32 прекршока за неносење лична заштита на лицето.

На лицата им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето за да се спречи ширење на вирусот КОВИД-19, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 15 контроли врз угостителски и други објекти, додаде Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2020 14:52