Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника од МВР – ОВР Прилеп и во присуство на државен инспектор за заштита при работа, изврши увид во селото Бела Црква – општина Кривогаштани, каде утрово, при поставување на канализациона мрежа во ископ, еден работник го загуби животот, информираат од Јавно обвинителство.

– Работникот, на возраст од 63 години, бил ангажиран за вршење на работи од правно лице од с.Велешта-Струга. Тој бил затрупан од одрон на поголемо количество земја и починал на лице место, соопштија од обвинителство.

Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ и наредба за обдукција на телото на починатиот.​



Автор: Администратор
Објавено на: 13/08/2020 14:55