Екипата на Вардар 1961 вечерва го совлада тимот на Охрид со 27-22 (13-12) и ја забележа првата победа на турнирот „Струга 2020“.

Вардар ја оправда фаворитската улога, но отпорот го скрши дури во второто полувреме, откако првите 30 минути поминаа во израмнета игра, а во неколку наврати Охрид дури и имаа предност на семафорот.

Тимур Дибиров со 7, Гоце Георгиевски и Филип Талевски со по 3 беа најефикасни за вардарци. Блажески и Тасевски со по 4 беа најдобри кај охриѓани.

Претходно денеска, Металург запиша победа над Прилеп со 33:24, додека Бутел го совлада Еурофарм Пелистер со 21:17.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2020 02:35