Тетовската полиција соопшти дека ноќеска околу 1.30 часот уапсиле 43-годишник од градот за кого се сомневаат дека предизвикал пожар на двете возила, сопственост на ЕВН Македонија. Тој бил приведен на улица „Ленин“ во близина на едно од двете места каде имаше пожар.

-Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.О.(43) од Тетово, поради сомнение дека во периодот од 00.40 до 01.10 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „дачија дастер“, со скопски регистарски ознаки, и патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на „ЕВН“, кои целосно изгореле. Исто така, од пожарот било зафатено и патничко возило „голф“, со тетовски регистарски ознаки. К.О. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потенцираат од СВР Тетово.

Пожарите на двете места ноќеска ги изгаснаа од екипите на Територијалната противпожарна единица Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2020 13:30