Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас забележа најдобро време на денешната прва слободна тренинг сесија за Гран-при на Шпанија.

На патеката „Каталонија“ крај Барселона, двата болида на „црните стрели“ повторно беа надвор од дофатот на тренинзите, движејќи се на секунда пред најблиските ривали, но допрва треба да видиме како ќе се развива викендот и нивниот настап во трката.

Луис Хамилтон, големата sвезда на Мерцедес и Формула 1, остана втор. Британецот забележа скоро идентично време со својот фински колега, заостанувајќи од најдоброто достигнување за само 0,039 секунди.

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен продолжува да се обидува да ги држи лидерите во неизвесност.

Холанѓанецот се најде на третото место со очекувано заостанување од 0,939 секунди.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2020 14:55