Секторот за сообраќајни работи во Одделот за униформирана полција при Бирото за јавна безбедност, во координација со организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот на територијата на Република Македонија во текот на јули и август 2020 година спроведе зајакнати акциски контроли за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли.

Во текот на акциските контроли се констатирани 1529 прекршоци кај оваа категорија учесници во сообраќајот, односно 326 учесници управувале со мотоцикл пред да се стекнат со право за управување (без возачка дозвола), 154 учесници управувале со нерегистрирани и со измината важност на регистрација на мотоциклот, 855 учесници не користеле заштитен шлем (кацига), а констатирани се и 121 други прекршоци направени од страна на оваа категорија учесници во сообраќајот.

Исто така, при контролите задржани се 23 мотоцикли за утврдување на техничка исправност, при што кај 12 мотоцикли се откриени технички недостатоци, а еден мотоцикл е привремено задржан, кој е предмет на сомнение за сторено кривично дело.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2020 16:07