Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес ја освои квалификацијата пред Австриското Гран-при во класата Мот ГП, откако забележа време од 1: 23.450 на „Ред Бул ринг“. Така Шпанецот ја запиша својата десетта пол-позиција во кралската класа.

Втор на утрешната стартна линија ќе биде Џек Милер со Прамак Дукати, кој даде време за само 0,068 побавно од она на Вињалес. Последен во првиот ред ќе започне лидерот во светскиот шампионат Фабио Квартараро (Петронас Јамаха СРТ), кој заврши на 0.087 од неговиот иден тимски колега во фабричкиот тим на Јамаха.

Прв од втората линија утре ќе биде Андреа Довициозо, кој претходно денеска најави дека ќе го напушти фабричкиот тим на Дукати по завршувањето на тековната кампања. Италијанецот даде време за 0,156 послабо од она на Вињалес.

Покрај Дови, на второто место ќе се најде и Пол Еспаргаро со КТМ, кој беше само 0,006 побавен од Довициозо, и возачот на Сузуки, Жоан Мир, кој заврши на 0,223 од првото место.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2020 17:04