Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.П.(35) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 28.04., на 06.05. и на 11.05.2020 на банкомат на ул,,Маршал Тито“ во Струга, пријавениот, со платежна картичка одземена од Г.П.(68) од Струга, подигнал парични средства во вкупна вредност од 22.000 денари.