Регионалниот центар за гранични работи – Југ поднесе кривична пријава против Е.С.(22) од скопското село Батинци и уште едно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Како што соопшти денеска МВР, вчера во 07:30 часот на автопатот во близина на клучка Неготино, кај место викано „Полна цигла“, полициски службеници сопреле товарно возило „волво“, кое го управувал првопријавениот.

При преглед во возилото биле пронајдени 70 мигранти.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2020 23:58