Тимот на Вилијамс во Формула 1 има нов сопственик, објави тимот денес. Името на новиот сопственик на еден од најуспешните тимови во историјата на спортот е „Дорилтон Капитал“, приватен инвестициски фонд со седиште во САД.

Продажбата се случи откако тимот наиде на финансиски тешкотии предизвикани од одложениот старт на сезоната 2020 година, поради глобалната пандемија на коронавирус.

Уште на крајот на мај, Вилијамс започна да ја разгледува својата долгорочна стратегија со своите финансиски советници, кулминирајќи со продажба на контролен удел. Продажбата се случи со одобрение на основачот на тимот Сер Франк Вилијамс.

Веста за продажбата доаѓа само два дена откако Вилијамс го потпиша новиот договор „Конкорд“, најавувајќи ги неговите намери да учествуваат во спортот во наредните пет години.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2020 11:56