Двајца жители на дебарското село Долно Косоврасти добија кривични пријави поради непочитување на здравствени прописи во време на епидемија.

Тие во селото организирале турнир во фудбал на кој присуствувале голем број екипи и гледачи.

– Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против Е.Е.(21) и С.А.(22), двајцата од дебарското село Долно Косоврасти, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него, тие на 13 август во селото организирале фудбалски турнир на кој учествувале повеќе спортски екипи и присуствувале голем број гледачи од селото и околните населби

Со тоа, додаде Димоски, пријавените ја прекршиле забраната за одржување на спортски натпревари донесена од страна на Владата за време на епидемија со цел спречување на ширење на Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2020 13:59