Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.З. (58) од Кичево информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

При преглед извршен врз него на 24 март оваа година на улица „11-ти Септември“ во Кичево, полициските службеници пронашле и одзеле семки од растението канабис. Додека, при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени 43 куршуми и семки од канабис, објасни Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2020 15:15