Пехчево засилено се подготвува за пинг-понгарскиот камп „Пехчево 2020“ кој ќе се одржи во периодот од 24 август до 2 септември оваа година.

Живко Каликов одговорен за односи со јавноста во општина Пехчево, информира дека настанот ќе ја зголеми заинтересираноста на жителите на Пехчево, Берово и другите околни градови за пинг-понгот и дека за време на целокупниот настан ќе се почитуваат сите заштитни мерки за заштита на здравјето на учесниците.

– Според предвиденото кампот ќе се состои од два дела со семинар за тренери и пинг понгарски тренинг камп за млади играчи. За време на одржувањето на кампот ќе се почитуваат сите препораки и протоколи на здравствените власти за борба против пандемијата предизвикана од КОВИД 19. За таа цел се набавени сите заштитни средства и средства за дезинфекција. На сите учесници пред почетокот на секоја тренинг сесија и сесиите на семинарот ќе им биде измерена телесна температура, со цел максимално да се заштити здравјето на учесниците на кампот, рече Каликов.

Тој изрази надеж дека овој настан ќе ја зголеми заинтересираноста на жителите на Малешевијата за пинг-понгот со формирање на првиот пинг-понгарски клуб во Пехчево.

Кампот како што додадоа организаторите Македонската пинг-понгарска федерација, Македонскиот олимписки комитет и Меѓународната пинг-понгарска федерација, кампот се организира со средства добиени од олимпискиот фонд за солидарност и со поддршка на Општина Пехчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2020 15:50