Во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Велес полицијата открила 53 прекршоци за неносење на заштитна маска.

Димитар Каракулев од СВР Велес информира дека најмногу прекршоци има во Велес, односно 30, додека во Кавадарци се евидентирани 13 и во Неготино 10 прекршоци.

– Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни санкции, информира Каракулев.

Тој апелира до граѓаните во интерес на нивното и здравјето на останатите граѓани да носат заштитна маска со цел да се спречи ширењето на Ковид 19.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/08/2020 21:23