Кумановската полиција уапсила 23 годишен кумановец кај кого биле пронајдени 20 најлоснки пакувања марихуана, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.С.(23) од Куманово, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени 20 најлонски пакувања со марихуана, се наведува во соопштението од СВР Куманово.

К.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2020 01:39