По повредите на Ловро Јотиќ и Кристијан Дисингер, во таборот на европскиот првак се појави првиот позитивен случај на Ковид-19. Станува збор за капитенот Стојанче Стоилов. Тој по вчерашниот тренинг се пожалил на омалаксаност, откако ситуацијата не се подобрила, веднаш направил тест, истиот покажал дека е позитивен.
Целиот тим на Вардар веднаш направи тестови, до вечер ќе биде позната состојбата со останатите играчи.
Од клубот веднаш ги известиле останатите екипи со кои спарингуваа.
Вардар во сабота го пречекува Нексе, пред оваа средба одново ќе се тестира.