Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Е.Е.(21) и С.А.(22), двајцата од с.Долно Косоврасти, дебарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 13.08.2020 во с.Долно Косоврасти пријавените организирале турнир во фудбал со што ја прекршиле забраната за одржување на спортски натпревари донесена од страна на Владата на РС Македонија за време на епидемија.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2020 04:09