На 62 годишна возраст почина д-р Феми Демири, специјалист пнеумофтизилог во специјалната болница за белодробни заболувања и туберкулоза во тетовски Лешок.

– Доктор Демири беше вработен во специјалната болница во Лешок од 1990 година. Во одредени периоид ја извршуваше и функција началник на болницата, информираат од лешочката болница.

Д-р Феми Демири дипломирал на Медицински факултет при универзитетот во Приштина, додека специјализацијал по пнеумофтизиологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Докторирал на Факултет за медицински технички науки при Медицински универзитет во Тирана, Република Албанија. Предавал и на Универзитетот во Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2020 01:46