Утринава околу 05,00 часот во атарот на тетовско Старо село полицајци од граничната полиција при редовните активности откриле двајца мигранти од палестинските територии кои се движеле на подрачјето. Двајца се задржани за понатамошна постапка.
-Вршејќи редовни активности, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Рогачево затекнале и привеле две лица, според нивното кажување од палестинските територии, кои не поседувале никакви документи за идентификација. Двете лица донесени се и задржани во полициската станица Тетово за натамошна постапка, информираат од СВР Тетово.
На 13 август на царински терминал во Тетово во приколка од камион беа најдени 10 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш, на возраст од 15 до 49 години возачот и мигрантите беа приведени за соодветната постапка.