Од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода при СВР Скопје вчера во 12,30 часот на ул.“Владимир Назор“ бил лишен од слобода Е.Б.(21) од Скопје затоа што се барал по потерница за издржување на казна затвор во траење од пет години по наредба од Основен кривичен суд Скопје за сторено кривично дело „разбојништво“.
Тој бил спроведен во КПУ Затвор Идризово.