Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.М.(50) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување и „узурпација на недвижности“.
Во временски период од 2015 до 2019 година, на брегот на Охридското езеро, пријавениот присвоил опрема во сопственост на кајакарски клуб и кајакарска федерација на Република Македонија и истите ги впишал на пописна листа на новоформиран клуб, а воедно узурпирал место покрај езерото, во државна сопственост.