Карате федерацијата на Македонија изминатиот викенд одржа “он лајн” првенство за деца до 15 години во дисциплината кати во машка и женска конкуренција.

Натпреварите беа организирани според новонастанатите услови и во согласност со стандардите на Светската Карате федерација (WKF), cпоред пропишаните мерки од страна на Министерството за здравство, со изведби на отворен простор или пак во домашни услови, со запазување и одржување на социјална дистанца во време на пандемија од коронавирусот.

Прегледот на снимките и оценувањето по стандардите на WKF се спроведе изминатите неколку дена, од страна на судии делегирани од Судиската комисија на КФМ предводени од судиите со највисоки звања, со светски и европски лиценци. Натпреварувачката комисија на КФМ на евидентираше пријави од вкупно 16 карате клубови со 89 натпреварувачи, информираат од КФМ.

Овој настан е од големо значење кога во време на глобалната пандемија од коронавирусот се откажани сите домашни и меѓународни натпревари на неодредено време. Особено е значајно што во дисциплината кати има интерес кај клубовите кои вредно работат со младите генерации, што очекуваме да биде уште помасовно и поквалитетно во иднина. Карате федерацијата на Македонија и во наредниот период ќе се стреми да организира вакви и слични активности, што ќе зависи од препораките на надлежните институции за тренинг и учество на натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2020 13:41