Македонскиот автомобилски шампион на меѓународните трки, Игор Стефановски Иџе, викендов ќе вози на ТЦР шампионатот на Италија. Од Имола, тој оптимистички најавува дека е подготвен да одговори на најновиот предизвик, иако е единствениот странец на оваа трка.

Ова ќе биде третата трка од сезоната во Имола. Иџе ќе се натпреварува на познатата стаза Автодром Енцо и Дино Ферари, чиј шарм имал прилика да го вкуси и претходно. По настапот во Хрватска, направени се одредени корекции и поправки на возилото, па доколку се биде во ред, тимот на Стефановски очекува борба за врвен пласман.

Иџе е единствениот странец помеѓу натпреварувачите. Тој ќе се натпреварува заедно со 24 други автомобилисти од Италија.

Првата трка се вози утре од 14:45, а втората е веќе следниот ден в недела од 11:35. Вечерва се возат квалификациите од 19 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2020 13:45