Американската Северна команда соопшти денеска на Твитер дека заедно со Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД) крај брегот на Аљаска набљудувале испловена руска подморница.

Оттаму укажуваат дека САД внимателно ги следат сите пловила, вклучително и странските воени, и за таа област одговорна е командата.

Истакнуваат дека се подготвени да асистираат на руската подморница, но дека од тоа или од други пловила во регионот досега не добиле повратен сигнал за помош.

Руските медиуми јавија дека испловената подморница покрај брегот на Аљаска е атомскиот подводен разурнувач „Омск“, од Тихоокенската флота на руската армија.

Извори укажуваат дека подморницата учествувала во маневри и дека не се наоѓала во непредвидена ситуација.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2020 13:58