Русија донесе одлука согласно која амбасадорот на Кралството Норвешка мора да ја напушти Русија за три дена, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Овој чекор доаѓа по протерувањето на рускиот дипломат од Норвешка.

– Поради непријателскиот чекор на норвешката Влада, која на 18 август го прогласи рускиот дипломат за персона нон грата, руското Министерство за надворешни работи го извести амбасадорот на Кралството Норвешка во Русија Руне Ресаланд дека со одлука за реципроцитет е прогласен за персона нон грата во Русија, соопшти Министерството.

Неговата акредитација ќе истече во рок од три дена, што е, како што се наведува, истиот рок што Норвежаните му го дадоа на рускиот дипломат да ја напушти земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2020 14:05