Екипа за потрага составена од полициски службеници и пожарникари која од утрово трагаше по маж во водите на Вардар, нашле безживотно тело на маж. По дванаесет часовната неизвесност и дрматаичната ноќ по течението на Вардар низ гостиварско, исходот е две починати лица, за кои се претпоставува дека се удавени.

Според првичните информации на портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, екипа која вршела пребарување по речното корито, во близина на мал мост помеѓу селата Форино и Чегране наишла на починат маж. Во моментот на откривањето не покажувал знаци и на живот и била повикана медицинска екипа за да ја потврди смртта на мажот. Во моментов се прават подготовки за увид.

Непотврдени информации посочуваат дека станува збор за 45 годишен гостиварец по кој се трагаше од ноќва по полноќ и дека неговиот идентитет го потврдиле роднини кои биле вклучени потрагата.

Рано утрово, по претходна пријава дека две лица се видени во надојдените води на Вардар кај големиот пазар, беше организирана потрага. Околу три часот, во блзиина на селото Старо Чајле на песочен остров беше најдено безживотно тело на помлада жена за која е утврдено дека е лицето по кое се трага.

Дванесетчасовна потрага во која учествуваа триесетина полициски служебници, пожарникари, рибиловци и граѓани е прекината.


Пронајдено телото и на Гостиварчанецот кој се обидел да ја спаси девојката од давење во Вардар

Телото на девојката, по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2020 17:08