Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 25.285.594 лица. Од нив починале 848.484, а оздравеле 17.615.963 луѓе.
Белград – Во Србија во последните 24 часа се потврдени уште 83 случаи на коронавирус, а едно лице починало. Според Министерството за здравство, во тој период биле тестирани 4.356 лица. Во моментов има 48 пациенти на респиратори. Од почетокот на епидемијата во Србија, потврдени се вкупно 31.356 случаи на коронавирус, а 711 лица починале. Досега се тестирани 925.208 примероци.
Приштина – Во изминатите 24 часа во Косово се регистрирани осум починати лица кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата на Ковид-19 достигна до 516. Во текот на вчерашниот ден, официјално се регистрирани 119 новозаболени, додека вкупно заразени од појавата на епидемијата се 13.334 лица. Во истиот извештаен период се евидентирани и 118 излекувани, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностицирани како заразени и ја совладале болеста достигна до 9.473. Активни носители на вирусот во земјата се 3.345 лица. Вчера се извршени 460, а од почетокот на пандемијата, вкупно 50.683 тестирања.
Софија – Властите во Бугарија соопштија дека има 99 нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата изнесува 16.164. Како резултат на Ковид-19, во последните 24 часа починаа уште двајца пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи од оваа болест се зголеми на 605.
Атина – Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран намален број нови случаи на Ковид-19. Националната организација за јавно здравје соопшти 157 случаи, од кои 41 се од направените тестови на влезните точки во земјата, а починаа уште две лица. Бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 10.134 лица, додека пак починати се вкупно 262 лица.
Никозија – Министерството за здравство на Кипар денеска соопшти четири нови случаи на Ковид-19, а вкупно се регистрирани 1.487 заразени лица.
Сараево – Во Босна и Херцеговина, во последните 24 часа биле тестирани 1.156 примероци на коронавирус, од кои 243 биле позитивни. Во Федерацијата на БиХ има 170 новозаразени, а 73 во Република Српска. Починати се вкупно четири лица.
Загреб – Во Хрватска се потврдени 262 нови случаи на коронавирус, од кои 229 се хоспитализирани, а 13 лица се на респиратор. Уште едно лице почина. Од почетокот на епидемијата, потврдени се 10.123 случаи на заразени со коронавирус во Хрватска, починале 184 лица и се опоравиле 7.212 пациенти.
Љубљана – Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 31 нови случаи на коронавирус, што е мало намалување во однос на претходните денови, но сепак голем број за викенд, објавено е на веб-страницата на Владата. Во Словенија, потврдени се 2.865 случаи на коронавирус од почетокот на епидемијата, а 133 пациенти починале.
Будимпешта – Бројот на лица заразени со коронавирусот во Унгарија се зголеми на 5.961 во последните 24 часа, откако беа потврдени 292 нови случаи. Бројот на починати како резултат на Ковид-19 остана непроменет – 614, пренесува МТИ. Во моментов Унгарија има 1.588 активни случаи на инфекција.
Виена – Во Австрија, во последните 24 часа се регистрирани 181 нов случај на коронавирус. Моментно има 3.136 активни пациенти, од кои 140 се хоспитализирани и 30 се на интензивна нега. Во изминатите 24 часа беа спроведени 11.349 тестови. Од почетокот на епидемијата, на крајот на февруари, 27.027 лица биле позитивно тестирани за коронавирус во Австрија, а 23.079 се излекувани.
Москва – Во Русија, во претходните 24 часа беа потврдени нови 4.980 случаи на Ковид-19, како резултат на што починаа уште 68 лица, пренесува новинската агенција ТАСС. Русија во моментов бележи 990.326 случаи на инфекција со коронавирус и 17.093 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Њу Делхи – Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 948 лицa, во Бразил 758, а во Мексико 673. Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека како последица на Ковид-19 во изминатото деноноќие починале уште 948 лица, со што вкупниот број на починати од овој вирус се искачи на 63.498. Вкупната бројка на дијагностицирани случаи порасна на 3.542.733, со зголемување од 78.761 во последните 24 часа. Досега во Индија од Ковид-19 оздравеа 2.713.933 лица заразени со коронавирусот.
Бразилија – Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 758 лицa во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 120.262 лицa. Во Бразил дијагностицирани се 41.350 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи на коронавирусот порасна на 3.846.153. Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 3.006.812. Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
Мексико – Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од коронавирусот починале уште 673 лица. Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 63.819. Во Мексико во последното деноноќие откриени се 5.974 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на вирусот во земјата се искачи на 591.712. Досега во Мексико оздравеа 409.127 лица заразени со Ковид-19.
Лагос – Бројот на дијагностицирани случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент се искачи на 1.241.912. Според интернет-страницата „Worldometers“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 8.547 случаи на Ковид-19. Во последните 24 часа починати се 331 лице. Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.241.912. Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (13.981 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.376) и Алжир (1.491 смртни случаи). Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19. Најмногу случаи со Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (622.551), по која следуваат Египет (98.497) и Мароко (60.056). Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 972.908 лица.