Индија изминатиов викенд ја обвини Кина дека наредила прераспоредување на воени единици долж граничната линија во Ладак, планинско подрачје на Хималаите за кое се спорат двете држави.

– Ноќта меѓу 29 и 30 август единиците на Народноослободителната армија на Кина го нарушија договорот постигнат во воените и дипломатските преговори. Беа извршени провокативни распоредувања на кинески трупи, со што се наруши досегашниот статус кво, соопшти командата на индиската армија.

Во соопштението се наведува дека индиската армија го спречила обидот на Кина „еднострано да ја промени ситуацијата на теренот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2020 11:16