На 29.08.2020 во 07,15 часот Е.Н. (43) од Кичево, пријавила во СВР Охрид дека била извршена тешка кражба на пари од банкомат на банка поставен во ходникот на деловен објект во Кичево, на ул. „Магистрален пат“ каде се сместени маркет и продажен салон.

Од полициски службеници од Полициската станица Кичево било излезено на местото на настанот, при што било констатирано дека кражбата била извршена ноќта на 28/29.08.2020 во временскиот период од 22,00 до 07,00 часот. Се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2020 19:16