На 30.08.2020 во 15.35 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при извршена контрола на патна исправа на Л.П.(43) од Р.Албанија, кој патувал со автобус, било констатирано дека недостасуваат страници.
Поради постоење основи на сомнение за обид за извршено кривично дело „фалсификување на патна исправа“ тој бил лишен од слобода и бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.