На 30.08.2020 околу 10.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во водите на реката Вардар било забележано тело на починато лице.
Полициски службеници од СВР Велес и припадници од противпожарната единица од Велес, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување излегле на местото на настанот и по преземените мерки во 13.20 часот на место каде реката Бабуна се влева во реката Вардар било извадено телото за кое било утврдено дека е на С.Д.(51) од с.Рлевци, велешко, а за кој било пријавено дека исчезнал на 06.08.2020 во 14.45 часот во водите на река Вардар, атар на с.Белештевица. ж
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. За настанот бил известен јавен обвинител по чија наредба ќе се изврши обдукција.