Следните шест недели се клучни за иднината на Либан, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата посета на Бејрут.

Макрон изрази подготвеност кон средината на октомври да организира меѓународна конференција за помош на Либан, пренесуваат британските медиуми.

Либанските политичари, од кои некои се поранешни воени команданти кои со децении биле вклучени во огромната државна корупција, се соочуваат со застрашувачките предизвици на урнисаната економија, по трагичната, разорна експлозија на 4 август во Бејрут, соопштија британските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2020 16:34