Унгарските власти одлучија да дозволат влез на туристи од Полска, Чешка и Словачка, со „свеж“ негативен тест за коронавирус.

Ова беше објавено веднаш по стапувањето во сила на мерката за затворање на границите.

Унгарија минатата недела објави дека ќе ги заостри мерките против ширење на коронавирусот, вклучително и двонеделен карантин за унгарските граѓани, јавија британските медиуми.

Меѓутоа, по вчерашниот разговор меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и чешкиот премиер Андреј Бабиш, на чешките туристи ќе им биде дозволено да дојдат бидејќи имале платен летен одмор во Унгарија.

Туристите кои доаѓаат во Унгарија ќе треба да покажат негативен тест, не постар од пет дена.

Во Унгарија до денеска се потврдени 6.139 случаи на заразени со Ковид- 19 и 615 смртни случаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2020 16:44