Норвешкиот Парламент во последните неколку дена претрпел кибер напад, а хакирани биле мејловите на неколку пратеници и вработени, соопштија денеска норвешкото Собрание и Агенцијата за контраразузнавање.

„Нашата анализа покажува дека се преземени различни количества на податоци“, се наведува во соопштението на парламентот, без да се наведува кои пратеници и членови на персоналот биле хакирани, јавуваат британските медиуми.

Норвешката Управа за национална безбедност (НСА) помогала во сузбивањето на нападот, и засега не е јасно кој стои зад кибер нападот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2020 22:28