Александар Гинтсбург, директор на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во Русија, изјави дека не се планира руската вакцина за коронавирус да биде достапна за другите земји во следната година, се додека руското население не се вакцинира, пренесува Тасс.

-Колку што разбрав од разговорите со членовите на рускиот Фонд за директни инвестиции, што се занимава со ова прашање, извозот на вакцината не е планиран во следните 12 месеци, се додека не се вакцинира нашата популација, рече Гинтсбург.

Тој, меѓутоа, кажа дека се водат преговори за обезбедување технологија за три до пет земји, кои сакаат да ја произведат вакцината.

Русија, на 11 август, стана првата земја што регистрира вакцина против коронавирусот, наречена „Спутник V“, а оваа вакцина е развиена токму од институтот „Гамалеја“.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2020 22:29