Индиското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека кинеските трупи вчера биле ангажирани во провокативна акција на границата, дури и во време додека воените команданти разговарале со цел да ги намалат тензиите.

-Дури и кога командантите на копнената војска од двете страни разговараа за деескалација на ситуацијата, кинеските трупи повторно беа вклучени во провокативната акција, рече портпаролот на министерството, Анураг Сривастава, пренесуваат британските медиуми.

„Заради навремената одбранбена акција, индиската страна беше способна да ги спречи овие обиди за еднострано менување на статус кво состојбата на границата“, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2020 22:37