Државните училишта во Њујорк, најголемиот училишен систем во САД, за 11 дена го одложуваат враќањето во школските клупи, закажувајќи ја првата средба на учениците за 21 септември, изјави градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио.

Тој соопшти дека е постигнат договор со синдикатите за образование кои бараат дополнителни безбедносни мерки поврзани со коронавирусот, јавуваат британските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2020 22:41