Експерти за човекови права на ОН соопштија за 450 случаи на тортура и сурово постапување во Белорусија од страна на безбедносните служби во протестите против резултатите од изборите.

Голем дел од лицата кои не се знаеше каде се, се најдени, но местоположбата и здравствената ситуација на најмалку шестмина е се уште непозната за нивните роднини, соопштија од Канцеларијата на Врховниот комесар за човекови права на ОН.

-Ние сме многу вознемирени од стотиците изјави за мачење и други сурови постапки од полицијата, истакнаа во ОН.

Од ОН велат дека поседуваат податоци за „насилство во однос на жени и деца, вклучувајќи и сексуално насилство“.

Протестите против разултатите од изборите на 9 август во Белорусија продолжуваат. Во Минск денеска на марш излегоа 1.500 студенти. Полицијата задржува учесници, не се знае точиот број на задржани.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2020 22:44