Претставници на Иран и светските сили кои работат на спасување на нуклеарниот договор со Техеран, денеска во Виена се согласија дека ќе сторат се за да се зачува договорот од 2015 година.
Договорот е на климав терен од 2018 година, кога претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од меѓународниот договор за нуклеарно оружје.
Претставничката на Европската унија, која претседаваше со состанокот, Хелга Шмид, на Твитер напиша дека „учесниците се обединети во одлучноста да го зачуваат договорот и да најдат начин да обезбедат негова целосна имплементација и покрај сегашните предизвици“.
Иранскиот претставник Абас Агагчи одби да даде коментар, но пред состанокот посочи дека средбата со претставниците на Франција, Германија, Велика Британија, Русија и Кина „дефинитивно ќе биде важна дебата“.