Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе до Основно јавно обвинителство во Охрид кривична пријава против Т.Р.(41), Б.Г.(40), Б.Р.(37) и двајца малолетници, сите од Албанија, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување на исправа“.

Тие вчера во 11:45 часот на аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид се пријавиле за патување со фалсификувани грчки и италијански документи.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2020 01:16