Независниот синдикат на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото (НСГРИТ) бара детална анализа од стручни лица за состојбата на железничката мрежа врз основа на којашто, како што вели претседателот на овој Синдикат Атанас Трајковски, ќе се подобри состојбата на терен која долги години се запоставувала, а како резултат на тоа на терен има одрони и свлечишта.
-Железничката мрежа и целокупната инфраструктура во Репубика Македонија не е во добра состојба и се запоставува долги години. Од таа причина се појавуваат одрони, свлечишта и други аномалии, изјави денеска Трајковски.
Меѓу примерите за тоа ги наведе свлечиштето на местото викано Смесница кај Зелениково, како и одронот на карпи што се случи пред неколку месеци кон Богомила, а како што потенцираше, сигурно има и други случаи за кои не сме запознаени.
-Како долниот строј, така и горниот строј не ги задоволуваат стандардите за безбеден и брз сообраќај. Од тие причини намалени се и брзините и укинати се возовите на некои правци кои не се рентабилни, рече Трајковски.
За овој проблем, како што оцени, треба детална анализа од екперти и инженери на терен, а не од администрација. Важна алка, дополни, се и машиновозачите кои секојдневно поминуваат на делниците